сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Саинс на пол-позицијата во Остин

Саинс на пол-позицијата во Остин

Возачот на Ферари, Карлос Саинс ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Тексас. Во Остин, Шпанецот стигна до третата пол-позиција во кариерата. Ферари доминираше претходно и на слободните тренинзи. Второто место му припадна на Шарл Леклер.

Макс Ферастапен заврши како трет, пред тимскиот колега Серхи Перез. Следуваат возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Топ 10 ги заокружуваат Ленс Строл во Астон Мартин, Ландо Норис во Мекларен, Валтери Ботас во Алфа Ромео, додека Александар Албон во Вилијамс и Пјер Гасли во Алфа Таури се префрлија на деветтата и десеттата стартна позиција поради казни за Леклер, но и Фернандо Алонсо, кој го постави деветтото време во Алпин, но беше казнет со пет места поради промена на компонентата на погонската единица.

Трката за Големата награда на САД се вози во недела со почеток во 21:00 часот.