петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Сајнц стартува прв на трката за ГН на Сингапур, Верстапен дури 11-ти

Сајнц стартува прв на трката за ГН на Сингапур, Верстапен дури 11-ти

Шпанскиот возач во класата Формула 1, Карлос Сајнц од тимот на Ферари, беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Сингапур во саботата, а голем шок доживеа водечкиот тим сезонава Ред Бул која со своите двајца возачи не успеа да влезe во последниот дел од квалификациите.

Актуелниот светски првак и моментално водечки во генералниот пласман Холанѓанецот Макс Верстапен беше само 11-ти, а неговиот клупски колега од Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез успеа да дојде до 13-то место во квалификациите.

Верстапен победи на десетте последни последователни трки поставувајќи нов рекорд, а оваа низа е загрозена во пресрет на трката во недела, со многу неуверливата изведба на болидите на Ред Бул на уличната патека во Сингапур целиот видекнд. Тимот на Ред Бул не е поразен во трките за Светското првенство оваа сезона, но и оваа серија може да биде прекината на утрешната трка.

Даесети деветггодишниот Сајнц во Сингапур дојде до петтата најдобра стартна позиција во кариерата и втората последователна по трката за Големата награда на Италија. Така, доби шанса во неделната трка да ја избори за својата втора победа во кариерата.

Нему во првиот ред друштво ќе му прави Британецот Џорџ Расел од тимот на Мерцедес кој заостана за 72 илјадитинки. Шарл Леклер, од тимот на Ферари, беше трет со 8 стотинки заостанување, додека четврти беше Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен со три десетинки заостанување.

Во првиот дел од квалификаците Канаѓанецот Ленс Строл имаше несреќа во последниот свиок и предизвика 35-минутен прекин. Возачот на Астон Мартин во несреќата остана неповреден.

Во генералниот пласман, и покрај лошите резултати на Ред Бул денеска, продолжува одбројувањето до третата последователна титула на Верстапен. На осум трку пред крајот, Холанѓанецот има 145 бодови предност пред Перез со 219 бодови. Трет е Шпанецот Фернандо Алонсо од Астон Мартин кој собра досега 170 бодови. До крајот на сезоната останаа 232 бодови, во кои уште следат уште три саботни спритенрски проверки во Катар, САД и Бразил.

Трката за Големата награда на Сингапур се вози во недела од 14 часот.