понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Сараево кандидат за трка во Формула

Сараево кандидат за трка во Формула

Главниот град на Босна и Херцеговина е во финален избор за домашна трка во Формула Е во наредниот јуни, а градоначалникот Абдула Скака вели дека се е во завршна фаза.

Скака вели дека преговорите се водат активно веќе шест месеци и оти е голем бројот на градови кои се натпреваруваат за оваа атракција.

Формула Е е електрична формула која по четири сезони ја промовираат поранешни возачи на Формула 1, како Ники Хајдфелд, Себастијан Буеми, Жан Ерик Верн, Камуи Кобајаши и Нелсон Пике Џуниор.

Натпреварувањето е организирано од Меѓународната автомобилска федерадија (ФИА), а првата трка пред четири години се возеше во Пекинг. Секој од возачите имаат на располагање два автомобили зашто батеријата на едниот не можат да ја издржат целата трка.

Целта е промоција на зелената технологија, па трките се возат во градски средини. Во моментот има десет тима и 20 возачи со 40 болиди, а брзината на овие болиди е до 200 километри на час.