Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе ја брани титулата светски првак во тешка категорија во верзијата WBC против сонародник Дерек Чисора на стадионот на Тотенхем во Лондон на 3 декември.
Фјури веќе два пати го совлада Чисора (33 победи, 12 порази) – прво во мај 2011 година со едногласна одлука на судии на „Вембли“, а потоа Чисора ја предаде борбата во 10 рунда три години подоцна, исто така, во Лондон.
Пресметката против Чисора за Фјури доаѓа откако не успеаја преговори за борба против британскиот боксер Ентони Џошуа, кој е поранешен светски првак во тешка категорија во верзиите WBA, IBF и WBO.
Непоразениот Фјури (32 победи, едно реми) потврдувајќи ја борбата против Чисора објави на Твитер – Одиме на Дел Бој, алудирајќи на еден од прекарите на неговиот следен противник. Се гледаме на 3 декември во Лондон!“.