вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ша Кери Ричардсон во Доха го урна рекордот на легендарната Тори Боуви

Ша Кери Ричардсон во Доха го урна рекордот на легендарната Тори Боуви

Американската спринтерка Ша’Кери Ричардсон истрча 10.76 секунди на 100 метри на митингот од Дијамантската лига во Доха и го сруши рекордот на митингот на нејзината сонародничка, 32-годишната Тори Боуви, која неодамна беше пронајдена мртва во својата куќа додека била бремена во седми месец.

Ричардсон постави најдобро време оваа сезона, победувајќи ги Јамајчанката Шерика Џексон (10.85) и Британката Дајна Ашер-Смит (10.98).