Руската тенисерка Марија Шарапова го прогласи Шпанецот Рафаел Надал за најдобар тенисер на сите времиња.
Шарапова и Надал заедно тренираа во Рим, а Русинката се пофали и со видео снимка на социјалните мрежи.
Таа во коментар на објавеното видео напиша: „Две минути на терен со најдобриот на сите времиња, Рафаел Надал. Бев нервозна!“
Руската тенисерка првиот натпревар на турнирот во Рим го игра утре против Ешли Барти.