Шефот на Ф1 тимот на Ферари, Матија Биното го сподели своето мислење за идната дестинација на Себастијан Фетел, кој ќе го напушти италијанскиот тим по 2020 година.
– Одлуката да се разделиме со Себастијан не беше лесна. Ние во Ферари го сакаме како возач и човек, тој е дел од нашиот тим. Ако Себ не најде место во кој било тим, тоа ќе биде сериозна загуба. Се шпекулира дека може да оди во Мерцедес. Ако се случи тоа, јас ќе бидам многу среќен за него. Фетел е одличен човек и професионалец. Сигурен сум дека тој сака да го заврши настапот во Ферари, давајќи се од себе зат тимот. Сигурен сум дека нема да имаме потешкотии, рече Биното за „Марка“.