вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шефови на 15 држави и меѓународни организации ќе присуствуваат церемонијата на отворање на Олимпијадата

Шефови на 15 држави и меѓународни организации ќе присуствуваат церемонијата на отворање на Олимпијадата

Шефови на 15 држави и меѓународни организации се најавени за присуство на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио.

Ова го соопшти генералниот секретар на јапонскиот кабинет на министри Кацунобу Като на прес-конференција.

-Досега очекуваме посета на шефови на 15 земји и меѓународни организации, како и министри за спорт од 70 земји во светот, соопшти Като.

Свеченото отворање на Олимписките игри во Токио ќе се одржи в петок (23 јули).