понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шифрин победи во Сент Мориц

Шифрин победи во Сент Мориц
Микаела Шифрин е победничка на супер-велеслаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање, што се одржа во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц.
Американката до својата четврта победа сезонава стига со 12.стотинки побрзо време од нејзината голема конкурентка Италијанка, Елена Куртони.
Место на подиумот обезбеди и Французинката, Роман Мирадоли која заостанат 40.стотинки зад победничката.
Шифрин која сезонава победи на трите слаломски трки,  сега има 77-победи во Светскиот куп и е на пет помалку од рекордот на нејзината сонародничка Линдзи Вон која кариерата ја заврши со 82 победи.
Дамите имаат пауза се до 27 декември за кога е закажан велеслаломот во австриски Земеринг.