Шифрин славеше со резултат 1:52,53 минути и со тоа стигна до 82 победа на Светскиот куп, со што го израмни рекордот на сонародничката Линдзи Вон во женска конкуренција.
Американката по осмата сезонска победа е многу блиску до соборување на вкупниот рекорд кој го држи шведскиот скијач Ингемар Стенмарк со 86 победи.
Шифрин со одлично второ возење ја потврди победата и зад себе ја остави Федерика Брињоне, која беше побавна за 0,77 секунди. Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами се искачи на третото место на подиумот со заостанување од 0,97 секунди.
Во поредокот за велеслалом лидер е Басино со 425 бодови, односно има 25 повеќе од Шифрин, додека трета е Гут Бехрами со 357 бодови. Шифрин е убедливо прва во генералниот пласман на Светскиот куп со 1,115 бодови, втора е Влхова со 696, додека на третото место е Венди Холденер од Швајцарија со 519 бодови.