петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шпанецот Карлос Алкараз сензационално го освои УС Опен

Шпанецот Карлос Алкараз сензационално го освои УС Опен

Карлос Алкараз е победник на УС Опен и нов светски рекет број еден на АТП листата. Во едно од најзиедначените и најгледливи финалиња во последната деценија, Алкараз го победи норвешкиот тенисер Каспер Руд во четири сета и го оствари најголемиот успех во кариерата.

19-годишниот Шпанец извојува победа од 3-1 во сетови (6-4, 2-6, 7-6, 6-3), за скоро четири часа игра.Од денес на врвот на АТП листата ќе се најдат двајцата финалисти од Њујорк, со Алкараз како предводник.