Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше денеска во полуфиналето на Ролан Гарос, совладувајќи ја Американката Џесика Пегула со 6-3, 6-2.
За најдобрата светска тенисерка во моментов ова беше 33. победа во серија, а за триумфот над Пегула и беа потребни 91 минута.
Противник на Швјонтек во полуфиналето на турнирот во Париз ќе биде Русинката Дарија Касаткина.
Русинката обезбеди полуфинале со триумфот над сонародничката Вероника Кудерметова со 2-0 во сетови за два часа и пет минути игра. (МИА)