недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Србинот Ратко Павличевиќ е новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација

Србинот Ратко Павличевиќ е новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација
Фото: odbojka-volleyball.com

Српскиот стратег Ратко Павличевиќ ќе седне на клупата македонската одбојкарска репрезентација и ќе ги предводи „црвено – жолтите“ на претстојните настапи во Европската сребрена лига и Медитеранските игри.

Павличевиќ (56), чија официјална промоција е најавена за утре, доаѓа на местото на сонародникот Душко Николиќ.

Новиот македонски селектор во кариерата предводеше бројни екипи од Србија, Грција, Швајцарија и Саудиска Арабија. (МИА)