сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Срушен рекордот на Охридскиот маратон, злато за Италијанецот Окипинти

Срушен рекордот на Охридскиот маратон, злато за Италијанецот Окипинти

Италијанецот Алесио Окипинти е победник на овогодинешното 36-то издание на Охридскиот маратон, тој го сруши рекордот од 2013 година со време од 5 часа и 9 минути и постави ново најдобро време од 4:53:14 часа.

-Среќен сум што го срушив рекордот. Првпат сум тука, езерото е одлично. Се надевав и посакував победа, изјави Окипинти за МТВ.

Втор на целта пристигна минатогодишниот победник Аргентинецот Матијас Дијаз со време од 4 часа и 59 минути.

Во женска конкуренција најдобра беше французинката Каролин Жуис, која целната линија ја мина после 5:05:59 часа пливање.

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев маратонот го заврши на 5-тото место со време со 5 часа и 8 минути. Истакна дека е задоволен, но не е тоа што го очекувал. Поп Ацев додадека и дека во последните 40 минути од пливањето веќе снемал сила.

На градското пристаниште во Охрид пристигнуваат и останатите учесници на маратонот.

Учество земаа 15 пливачи кои пливаат 25 километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид.

Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра.