вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Стартува Формула 1 шампионатот

Стартува Формула 1 шампионатот

Овој викенд со големата награда на Бахреин стартува новата сезона во најбрзиот “циркус“ во светот Формула 1 шампионатот.

Во недела се вози ГН на Бахреин, а петок и сабота се возат тренинзите како и денес за пол – позицијата на трката.

Ако во 2021 година до последниот круг не се знаеше кој ќе виде светски првак, Ферстапен или Хамилтон, во минатата сезона Холанѓанецот толку беше надмоќен пред Леклер или Саинц и нивните Ферарија, а посебно пред Мерцедес и возачот Хамилтон.

Во новата сезона ќе има рекордни 23 трки, почнувјќи од Бахреин викендов па се до 26 ноември и ГН на Абу Даби.

Десет тимови и нивните 20 возачи ќе тргнат по престолот на кој сега е Макс Ферстапен.