Стефанос Циципас е вториот четвртфиналист на овогодишното издание на Роланд Гарос. Грчкиот тенисер денес го совлада Шпанецот Пабло Карено-Буста во три сета (6-3, 6-2, 7-5).
Петтиот светски рекет одигра убедливо и неочекувано лесно го надигра ривалот.
Првите два сета доминантно му припаднаа на Циципас. Мала неизвесност имаше во третиот сет, но и тој на крај заврши во полза на Гркот, кој направи брејк во самата завршница.Поради повлекувањето на Роџер Федерер, Италијанецот Матео Беретини прв се пласира во четвртфиналната фаза.