Бугарскиот боксер Кубрат Пулев е парично казнет со 2500 долари и мора да заврши курс за спречување на сексуално вознемирување ако сака да му биде прекината суспензијата која ја доби откако ја бакна новинарката без нејзина дозвола.
Државната спортска комисија на Калифорнија му ја суспендираше боксерската дозвола на 37-годишниот Тексашанец, кој кон крајот на март, по победата против Романецот Богдан Дину ја зграпчи и бакна новинарката Џенифер Равало од Вегас Спортс.
Пулев ѝ се извинил на Равало во текот на вчерашното сослушување, на кое било одлучено да му се дозволи повторно да аплицира за боксерска дозвола ако до 22-ри јули ги исполни сите услови.
Ако повторно стори сличен прекршок, боксерот би можел доживотно да биде суспендиран од овој спорт.
Новинарката по инцидентот рекла дека била понижена и шокирана.