четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Струмица со победа над Шкендија ја отвори финалната пресметка во одбојкарскиот плејоф

Струмица со победа над Шкендија ја отвори финалната пресметка во одбојкарскиот плејоф

Одбојкарите на Струмица го остварија првиот триумф во финалната серија со Шкендија во финалето на плејофот.

Струмичани синоќа на домашен терен на убедлив начин со максимални 3:0 извојуваа заслужена победа. Првиот сет заврши 25:20, во вториот беше 25:18, додека во третиот гостите освоија 21 поен.

Втората средба од серијата прв до три победи ќе се игра на теренот на Шкендија во Тетово.

Во тековната сезона Струмица на пет меѓусебни натпревари, вклучувајќи го и полуфиналето во купот, не загубија ниту еден сет од ривалот.  (МИА)