Возачот на Дукати, Италијанецот Франческо Бањаја, ќе настапува во новата сезона од Мото ГП шампионатот со бројот 1 на својот мотор. Бањаја минатата сезона триумфираше во Мото ГП шампионатот, а на моторот го носеше бројот 63.
„Не можев да се одлучам дали да го користам бројот 63 или да прејдам на бројот 1, и на крајот се одлучив за ова второто. Целта ми е да сторам сè да го задржам. Нема да биде лесно, бидејќи очекувам уште посилна конкуренција отколку минатата година, со многу ривали подготвени за борба за титулата“, изјави возачот на Дукати на промоцијата на италијанскиот тим во Мадона ди Кампиљо