недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Светскиот шампион во скијање загина, го затрупала лавина

Светскиот шампион во скијање загина, го затрупала лавина

32-годишниот Кајл Смejн, поранешен светски шампион во скијање халф фајв, почина во Јапонија.

Загинал со пријател на јапонската планина Хакуба Норикура. Тој скијал со уште тројца, а потоа одеднаш почнала лавина и ги затрупала. Кајл и еден пријател загинаа, но двајца за чудо преживеаја.

„Тоа беше кошмар. Адам, Кајл и уште еден скијач се обиделе да побегнат. Адам поминал 25 минути закопан на длабочина од еден и пол метар. Чудо е што успеа да преживее. Наспроти него лежеше друг скијач, но тој не излезе. Лавината го фрлила Кајла 50 метри во воздух и го затрупала.

За жал, тој не преживеа. Во близина имаше лекари кои дојдоа да ни помогнат, но немаше спас. Адам и јас ќе го паметиме ова до крајот на животот. Не знам како ќе живееме со тие слики во нашите глави…“, вели Грант Гундерсон, фотограф кој ги снимил авантурите на Смејн.