четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тојота му понуди на Алонсо да вози за нив на Дакар 2020

Тојота му понуди на Алонсо да вози за нив на Дакар 2020

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо е во преговори со Тојота за учество на релито Дакар 2020 година.

Тимскиот менаџер на Тојота, Жан-Марк Фортен верува дека Шпанецот е подготвен во 2020 година да седне зад воланот на нивниот „теренец“.

-Можеме да се обидеме да го сториме тоа со Алонсо. Но, да видиме како ќе поминат преговорите и какви планови има Фернандо. Ние знаеме дека и тој и ние имаме таква желба. Мислам дека ова е реално, изјави Фортен.

МИА