Светскиот шампион во мотоклицизам Франческо Бањаја беше најбрз во спринт трката која се одржа како увертира за трката за ГН на Италија.
Бањаја тргна од првото место на спринтот и ја оправда фаворитската улога. Заврши пред Марко Бецеки од тимот ВР46, а трет беше Хорхе Мартин од Прамак Дукати.
Интересно и следните два возачи имаа Дукати, четврти беше Жоан Зарко, а петти финишира Лука Марини.
Оваа спринт трка ја одбележа рекордот на Бред Бајндер, кој разви брзина од 366,1 километри на час, што е рекорд.