понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Трката за ГН на Кина нема да се одржи во оваа сезона

Трката за ГН на Кина нема да се одржи во оваа сезона

Мерките за сузбивање на инфекцијата со Ковид-19 во Кина доведоа до тоа дека дури и во 2023 година нема да може да се одржи Формула 1 трка во Шангај.

Организаторите на престижното првенство се надеваа дека за прв пат од 2019 година караванот ќе може да се врати во Кина, но сега на календарот повторно има „само“ 23 трки.

Во Кина се уште е на сила „нултата политика кон КОВИД“, што значи строги „заклучувања“, а настаните како оној што би се одржал на „Меѓународната патека во Шангај“ се строго забранети.

Во моментов има четиринеделна пауза во календарот на Ф1 од почетокот до крајот на април и не се знае дали ќе се вметне уште една трка помеѓу ГП на Австралија и ГП на Азербејџан.