четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Циципас по пет сета го совлада Синер за четвртфинале во Мелбурн

Циципас по пет сета го совлада Синер за четвртфинале во Мелбурн

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас  се пласираше во четвртфиналето на Австралија Oпен, oткако по пет сета славеше над Јаник Синер (6-4, 6-4, 3-6, 4-6, 6-3).

Мечот траеше нешто повеќе од четири часа, Циципас во четвртфиналето ќе игра со Јиржи Лехеко. Четврторангираниот светски тенисер до водство во сетови стигна по двата врзани брејка, а слична беше ситуацијата и во вториот сет. Гркот беше поконцентриран во клучните моменти и заслужено поведе со 2-0.

Сепак, Синер покажа квалитет и ја врати неизвесноста на натпреварот. Во третиот сет славеше со 6-3, додека во четвртиот одново го исфрли од игра фаворизираниот противник и израмни на 2-2. Решавачкиот сет беше решен во шестиот гем, кога Циципас ја врати играта од првиот сет и успеа да ја зачува предноста до крајот.

.