По четири изминати дена на Медитеранските игри во Оран, домаќинот Алжир и Турција се лидери на листата медалисти со по шест освоени најсјајни одличја.
Златни медали имаат освоено уште и Египет, Грција, Италија, Србија, Хрватска и Словенија.
Пласман во Топ 10 медалисти на Медитеранските игри:
1. Алжир 6+4+0 (злато-сребро-бронза) (вкупно10)
2. Турција 6+0+5 (11)
3. Египет 3+4+5 (12)
4. Грција 2+0+2 (4)
5. Италија 1+6+5 (12)
6. Србија 1+1+1 (3)
7. Хрватска 1+0+3 (4)
8. Словенија 1+0+0 (1)
9. Франција 0+2+3 (5)
10. Шпанија 0+1+2 (3)
Од македонските спортисти, досега борачот Магомедгаджи Нуров обезбеди најмалку сребрен медал.