Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен синоќа победи на трката за Големата награда на Мексико. За 25-годишниот Холанѓанец ова е 14-та победа сезонава во шампионатот во Формула 1. Така, Верстапен постави нов рекорд по бројот на освоени трки во една сезона, пред Михаел Шумахер и Себастијан Фетел кои имаат по 13 победи.
Претходно, Верстапен веќе ја имаше обезбедено втората шампионската титула.
Луис Хамилтон од Мерцедес го освои второто место на трката во Мексико, а тимскиот колега на Верстапен од Ред Бул, Серхио Перез беше трет.
Следната трка ќе се одржи од 11 до 13 ноември во Бразил.