Шампионот во Формула 1, Макс Верстапен ќе носи специјална кацига на претстојното Јапонското ГП.
Двократниот шампион во Формула 1 зборуваше за „посебниот“ однос на Хонда со земјата, каде што го имаше своето прво деби како тест возач во Торо Росо во 2014 година и ја освои титулата минатата сезона.
-Многу бела боја и црвено на врвот во суштина е обид да се претстави знамето на Јапонија, објасни возачот на Ред Бул за изборот на боите на новата кацига.
Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Јапонија ќе се вози во Сузука претстојниот викенд. (МИА)