Холанѓанецот Макс Верстапен победи денеска на домашен терен во трката за Големата награда на Холандија и со тоа го презеде водство во генералниот пласман сезонава во формула 1.
Верстапен во првата трка на патеката Замворт во календарот на Ф1 по пауза од 36 години, водеше од стартот до целта, забележувајќи ја на крајот седмата победа оваа сезона, и вкупно 17-та во кариерата.
Второто место го освои актуелниот светски првак, Британецот Луис Хамилтон, е трет беше неговиот клупски колега, Финецот Валтер Ботас.
По 13 трки, Верстапен води во генералниот пласман со 224.5 бодови, три повеќе од второпласираниот Хамилтон. На третото место е Ботас, кој досега собра 123 бодови.Следната трка во календарот на Ф1 е на 12 септември во Монца за Големата награда на Италија.