Макс Верстапен победи во квалификациите на ГН на Австрија, Холанѓанецот и денеска беше подобар од Валтери Ботас и Луис Хамилтон и врза две пол-позиции во низа.
Макс Верстапен стигна до третата пол-позиција оваа сезона, втора во низа, откако беше најдобар во квалификациите на домашната трка за Ред Бул во Австрија.
Луис Хамилтон на третиот слободен тренинг покажа дека може да парира, но Макс Верстапен попладнево демонстрираше дека е во извонредна форма.
Тој уште во првото излегување во третиот дел од квалификациите постави време од 1:03.841 кое беше недостижно за конкуренцијата. Валтери Ботас имаше второ најдобро време, но тој ќе назадува три места поради синоќешниот инцидент кога се изврте во боксот.
Луис Хамилтон иако денеска беше на последното место на пиедесталот, утре ќе стартува во првиот ред кај Макс Верстапен.
Ландо Норис одново беше најдобар од останатите, а потоа следуваа Серхио Перез, Пјер Гасли, Шарл Леклер, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.