Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен изјави дека не е загрижен за ризикот од инфекција со коронавирус по почетокот на сезоната.
Претходно, советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека Холанѓанецот е сериозно загрижен за неговото здравје и не сака да ризикува да се зарази.
-Не. Не мислам дека ќе имаме проблеми. Постојано не тестираат, никој од нас не е болен од коронавирус, изјави Верстапен.
Сезоната во Формула 1 шампионатот треба да почне на 5 јули со трката во Австрија.