Макс Верстапен победи на денешната трка за ГН на Мексико од Формула 1 шампионатот. Тој храбро влезе во првиот свиок, последен притисна на сопирачките и ја поведе трката.
Луис Хамилтон немаше темпо да го следи ривалот за титулата, а за проблемите на Мерцедес да бидат поголеми, Ботас имаше контакт со Рикардо во првиот свиок, и за него трката практично заврши тука.
До крајот, Макс Верстапен рутински одработи за триумф и зголемување на предноста во генералниот пласман на 19 бодови.
Последното место на пиедесталот му припадна на Серхио Перез, кој во финишот се обиде да го нападне Луис Хамилтон но немаше доволно брзина. Бодови освоија уште и Пјер Гасли, Шарл Леклер, Карлос Саинц, Себастијан Фетел, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо и Ландо Норис.