Руската репрезентација се закити со најсјајното одличје на тимското натпреварување во уметничко лизгање, за тоа најзаслужна е тинејџерката Камила Валиева која има само 15 години и е веќе потврдена како екстра квалитет во овој спорт.
Валиева е првата во уметничко лизгање во историјата што извела четирискок на Олимписки игри.
Оваа фигура таа успеа да ја направи два пати при својот настап.