среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: МТВ со документарен филм за одбојкарите – Живеејќи го сонот

ВИДЕО: МТВ со документарен филм за одбојкарите – Живеејќи го сонот

Во пресрет на Европското првенство во Скопје, на кое Македонија ќе се обиде да избори историски пласман во осминафинале, од Македонската радио телевизија најавија премиера на уште еден документарен филм со спортска тематика.

По „Среќна-13“ и „ФК Балкан“, на 3 август од 20:15 часот на МТВ 1 премиерно ќе биде емитуван „Живеејќи го сонот“, документарен филм инспириран од т.н. пат на македонските одбојкари од деби настапот на Европските првенства, до второ учество на континенталните собири и секако за очекувањата од престојниот настап на ЕУРО 2023 на кое Македонија и Скопје се едни од четирите домаќини/коорганизатори.

„Живееејќи го сонот“ го режираше Тони Ристовски, а сценариото е на Тони Стојановски.

Македонија на ЕУРО 2023 е во група со Полска, Данска, Чешка, Холандија и Црна Гора, во првото коло на 30 август во СЦ „Борис Трајковски“ игра против скандинавците.