сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Се онесвестувале, повраќале во кацига – Нехумани услови на трката во Катар за возачите на Ф1

ВИДЕО: Се онесвестувале, повраќале во кацига – Нехумани услови на трката во Катар за возачите на Ф1

Трката за Големата награда на Катар ја одбележаа нехумани услови на кои беа изложени играчите.  Многумина ќе ја паметат оваа трка како најтешка во кариерата.

На крајот победи Макс Верстапен, кој стигна до новата титула, но повеќе се зборуваше за условите  на патеката од шампионската прослава.

Иако трката се одржа во вечерни услови, температурата и понатаму биле пеколна и во ниту еден момент не се спуштила под 30 Целзиусови степени.

Ландо Норис од Мекларен по трката објасни дека дури шест или седум возачи побарале лекарска помош бидејќи биле дехидрирани.

Логан Сарџент од Вилијамс морал да се повлече на средината од трката бидејќи за малку ќе се онесвестел за додека возел. Возачот на Алпин, Естебан Окон, двапати повратил во кацигата и на крајот се откажал од трката…

-Шест поени… најтешките поени досега… Воздухот беше ужасен, горев под кацигата. Се чувствував како да сум запален. Искрено, првиот пат ми се слоши во 15 или 16 круг. Повратив директно во кацигата. Морав да се опуштам после тоа, да се фокусирам на она што го правам и да го задржам болидот на патеката. Ајде да се вратиме овде во декември, а не во октомври, ве молам, изјави Окон.

Токму поради условите сите возачи го осудија фактот што трката се одржа во октомври. Макс Верстапен и Оскар Пјастре по трката легнаа на подот во обид да се изладат, а Шарл Леклер не се сомнева дека вакво нешто не смее да се повтори.

-Мислам дека ова беше најтешката трка во нашите кариери за сите нас. Нема да верувам некој што ќе каже поинаку, патеката има многу свиоци низ кои поминуваме со големи брзини и моравме да направиме три паузи за да смениме гуми. Доколку следната година се најдеме во слична ситуација, ќе мора да разговараме меѓу возачите. Не се работи за нашата физичка подготовка, ние сме дехидрирани. Температурата е висока и вашиот вид почнува да се замаглува, пулсот ви се забрзува и сето тоа е многу тешко да се контролира, откри Леклер.

Пред две години оваа трка се одржа во ноември, а тогаш условите беа многу различни.

Ландо Норис, кој заврши на третото место во Катар, истакна дека некои играчи изгубиле свест веднаш штом ја завршиле трката.

-Тажно е тоа што ни се случи. Не е добро, многу возачи веднаш беа пренесени во болница од своите автомобили. Се онесвестиле! Можеби не изгледаше тешко на ТВ, но верувајте дека беше. Премногу е опасно и се може да се случи. Знам дека следната година овде во Катар ќе возиме во ноември, но ова сега е неприфатливо, изјави Норис.