Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето, категорија +80 килограми Олимпискиот турнир во Токио.
Откако утринава го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, Георгиевски патот кон олимпискиот медал го продолжи и со победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.
Во полуфиналето ќе се сретне со таеквондистот Ин од Кореја. Оваа борба е закажана за 9:45 часот по македонско време.
Може да ја следите на програмата на МРТ 1.