недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Во септември реванш меѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов, но ако Русинот го победи Фергусон!

Во септември реванш меѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов, но ако Русинот го победи Фергусон!

Се чини дека во оваа 2020 година ќе има спектакл над спектаклите. Ќе има борба во УФЦ или реванш меѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов. Ова го потвдри Дана Вајт, кој изјави дека Конор Мекгрегор ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон. Ако се знае дека Дагестанецот, односно Русинот не би требало да има проблем со Тони на 18 април во Бруклин, тогаш ете го тоа што цел свет го чека.

Епска битка значи ќе има, таа ќе вреди богатство. Само Хабиб бара 100 милиони долари, веројатно истата сума ќе ја бара и Конор. Терминот на тоа антологиско соочување ќе биде познат веројатно после 18 април. Веројатно тоа ќе биде во септември. Треба прво Хабиб да одработи домашната задача против Фергусон.

Да се потсетиме дека ова ќе биде втор меч меѓу Хабиб и Конор, во 2018 година Нурмагомедов во четвртата рунда го нокаутираше Мекгрегор.