петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Војна на зборови помеѓу Кирјос и Циципас

Војна на зборови помеѓу Кирјос и Циципас

Ник Кирјос го совлада Стефанос Циципас со 3-1 во рамки на 3.коло на Вимблдон. Австралиецот го елиминираше четвртиот фаворит на грен слемот.

По мечот двајцата тенисери имаа што да кажат за својот ривал, па во иднина јавноста со нетрпение ќе чека нов меѓусебен дуел.

„Кирјос е силеџија. Тој постојано ги малтретира противниците.Веројатно бил силеџија и во училиште. Не сакам силеџии. Не сакам луѓе кои ги навредуваат другите луѓе. Има и добри карактерни особини, но во исто време има и многу зло во него, кое ако биде откриено може да направи многу лошо за луѓето околу него“ изјави Циципас.

Очекувано Кирјос не остана должен и тој имаше остри зборови за противникот.

Денеска тој беше целиот циркус. Јас се чувствувам добро. Добро сум и физички. Подготвен сум да играм ако треба и утре. Мислам дека тој се обидува да го направи мечот за мене, тој има сериозни проблеми, сериозни. Јас сум добар во соблекувалната. Имам многу пријатели, само колку да знаете. Всушност сум еден од најсаканите. Добро сум. Него никој не го сака, само да го кажам тоа пред сите“, изјави Кирјос.