Организаторите на најпознатото рели во светот, релито Дакар, објавија дека еден навивач загинал за време на деветтата етапа на трката во вторникот.
Чешкиот возач Алеш Лопраис налетал на него со камион, на дините, бидејќи навивачот бил премногу блиску до линијата на движење на возилото.
Тој наводно фотографирал жена кога го фатило тркалото од камион и го прегазило. Се видело дека 69-годишниот маж во моментот на несреќата бил сè уште жив, но подоцна доживеал срцев удар и починал на пат кон болница.
Лопраис за целата несреќа дознал дури вечерта бидејќи ниту тој, ниту некој од неговата екипа не го виделе прегазениот маж.
Video from Ales Loprais explaining what has happened during stage 9
Source: facebook Ales Loprais#Dakar #Dakar2023 pic.twitter.com/RN5S89rET2— Rally Raid News (@RallyRaidNews) January 11, 2023
Затоа не застанале и не го запреле возилото, прекршувајќи ги правилата на трката.
Во 45-те изданија на релито загинаа дури 73 лица, меѓу кои и 27 натпреварувачи.