Професионалниот рели возач Кен Блок почина на 55-годишна возраст. Ова го потврди неговиот тим „Хуниган Рејсинг“.
-Со најголемо жалење потврдуваме дека Кен Блок почина по несреќа со моторни санки. Кен беше визионер, пионер и икона, и што е најважно, татко и сопруг. Многу ќе ни недостига, се вели во соопштението.
Несреќата се случила во Јута, каде врз него паднала моторна санка, а тој набрзо починал од повредите.
Блок ја започна својата рели кариера во 2005 година, кога беше прогласен за дебитант на годината.
Наскоро добил покана од елитната WRC организација каде возел Ford Fiesta со познатите симболи „Monster Energy“.
На Јутјуб изведуваше различни акробации во серијата „Gymkhana“ каде со своите вештини за контрола на автомобилот остави без здив милиони луѓе.