Сопственикот на компанијата „Зегин“, г-дин Благој Механџиски, донираше спортска опрема за членовите на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово. Обезбедени се нови дресови и тренерки за сите играчи.
Господинот Механџиски истакна дека поддршката за младите во областа на спортот ќе продолжи и понатаму, бидејќи тие се иднината и најдобар начин за промоција на една држава.
Тренерот на ППК „Зегин“ изрази задоволство и упати голема благодарност до компанијата „Зегин“ за поддршката која несебично ја дава уште од почетокот на формирањето на пингпонгарскиот клуб во Берово.
ППК „Зегин“ е еден од најдобрите клубови во државата и единствен клуб кој за толку кратко време постигнал врвни резултати, а целта е и учество во натпревари на меѓународно ниво на кое се надеваат од клубот, со заеднички труд и помош од Механџиски.
Во наредниот период 10 натпреварувачи од градскиот пинг-понгарски клуб ќе учествуваат на меѓународен камп во Крупањ, каде ќе има претставници од неколку држави од регионот како што се Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Романија.