петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ЗОИ: Американецот Нејтан прв пред тројца Јапонци во уметничко лизгање

ЗОИ: Американецот Нејтан прв пред тројца Јапонци во уметничко лизгање

Американецот Нејтан Чен го освои златниот медал во уметничко лизгање на Олимпијадата во Пекинг. Тој за
своите перформанси доби вкупно 332,6 бодови и зад себе остави тројца натпреварувачи од Јапонија.

Сребрениот медал му припадна на Јума Кагијама со резултат 310,05, додека третото место и бронзениот медал се за Шома Уно со освоени 293 бодови.

Чен на САД им го донесе третиот златен медал на Игрите во Пекинг. Во поредокот на медалистите лидер е Германија со пет златни медал, пред Австрија, Норвешка и Шведска со по четири злата.