Од денес и Франција се вброи помеѓу земјите освојувачки на златен медал на Олимписките игри во Пекинг.
Претпладнево првото злато на ЗОИ 2022 на својата земја и го донесе Кантен Фијон Маје во машкиот биатлон на 20 километри.
Маје трката ја заврши со време 48:47.4 минути. Второто место и сребрениот медал отиде кај Антон Смолскиј од Белорусија со 14,8 секунди заостанување зад победникот.
Бронзен медал избори Јоханес Бе со 31,1 секунда побавно време од Маје.