петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ЗОИ: Злато за руската женска штафета во кроскантри на 4×5 км

ЗОИ: Злато за руската женска штафета во кроскантри на 4×5 км

Руската женска репрезентација победи во штафетата 4х5 километри на Олимпијадата во Пекинг.

Во составот на Русија беа Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Викторија Степанова.

Победничките патеката ја мина за 53:41.0 минути.

За Русија ова беше трето злато на Зимските олимписки игри во Кина.

Германија го освои сребрениот медал со 18,2 секунди побавно време. Бронзата и припадна на Шведска, која доцнеше зад руската штафета 20,7 секунди. (МИА)