вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Зошто е толку тешко да се мотивираме за да вежбаме?

Зошто е толку тешко да се мотивираме за да вежбаме?

Сите сме свесни за бенефитите за нашето тело кои произлегуваат од вежбањето, но кога ќе дојде време за тренинг – немаме мотивација. Зошто е тоа така?

Истражувачкиот тим од Универзитетот Колумбија спроведе истражување во кое беа опфатени 29 луѓе кои учестуваа во експериментот. Истражувачите имаа за цел да ја анализираат психолошката состојба на оние кои се подготвуваат да почнат со вежбање.

На доброволците им биле дадени неколку фотографии, на некои од нив биле прикажани луѓе кои се фит и тренираат, а на другите фотографии биле прикажани луѓе кои одмараат и ја гледаат омилената серија.

Истражувањето покажа дека човечкиот мозок се фокусирал на фотографиите каде што нема физичка активност. Тие заклучиле дека на нашето тело му е тешко да го убеди умот за да започне со некакво дејство и промена.

Научниците велат дека дури и кога се мачите да најдете мотивација за вежбање, треба најдете слободно време да заминете во теретана. Кога правите промени во вашата рутина, одлучноста треба да биде клучна.

Треба да бидете трпеливи кога станува збор за вежбањето. Преферирајте да избегнувате диети. Трпението и упорноста нека бидат вашите најефикасни сојузници. Процесот на слабеење понекогаш е долготраен, но едно нешто што е сигурно- секогаш вреди.