недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев : Ако не се смени нешто во ФФМ, ќе се тргнам настрана!

Пандев : Ако не се смени нешто во ФФМ, ќе се тргнам настрана!

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, неочекувано го крена гласот против Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и најави  дека е подготвен да се тргне на страна од Академија Пандев, ако не се сменат некои работи и клубовите не одлулуваат во фудбалската федерација.

Агенција за Млади и Спорт (АМС) бара од ФФМ да го усогласи статутот со Законот за спорт, а со тоа клубовите да имаат моќ на Собранијата и да се направи реформација во Општинските фудбалски сојузи (ОФС).

Пандев покажа револт за првиот пролетен натпревар, објави фотографии од снежниот терен, а истовремено и од еден контакт на играчите во казнениот простор.

„Срамно и жално..Уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви. Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес.  Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период. Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана…“, напиша Пандев на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/CLRupTIHhlJ/ ин