четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Агинагалде заминува во пензија

Агинагалде заминува во пензија

Агинагалде му кажа збогум на ракометот. Одличниот шпанскиот ракометар стави крај на својата професионална кариера на 41 година и тоа во клубот во кој ја започна својата одисеја – Бидасоа Ирун.

Агинагалде ја започна својата кариера уште во 1999 година во Бидасоа и остана таму до 2006 година. После тоа, неговиот пат го однесе до Адемар Леон, каде што остана три години, а потоа играше за Суидад Реал и Атлетико Мадрид до 2013 година, кога направи трансфер во Киелце.

По полскиот шампион остана седум години и со нив ја освои Лигата на шампионите во 2016 година. Во летото 2020 година се врати во Бидасоа Ирун каде што денес ја заврши кариерата.

Во дресот на Шпанија, тој го освои Светското првенство во 2013 година, Европското првенство во 2018 и 2020 година и бронзата на Олимписките игри во 2020 година.