сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Алекс Гомез Абељо го сруши рекордот на Лазаров и Хансен во Келн

Алекс Гомез Абељо го сруши рекордот на Лазаров и Хансен во Келн

Алекс Гомез Абељо, еден од најверните ракометари на Барселона, испиша историја во Лигата на шампионите и го сруши рекордот кој со години беше во сопственост на нашиот Кирил Лазаров и данската ѕвезда Микел Хансен.

Имено, одличното крило во денешното „мало финале“ во Келн постигна четири погодоци во мрежата на ПСЖ и со тоа стана ракометар со најмногу постигнати голови на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите.

Шпанскиот ас стигна до бројот од 69 погодоци во Келн и со тоа ги мина поранешниот македонски капитен Кирил Лазаров и Данецот, Микел Хансен, кои досега беа водечки со по 68 гола.

Инаку, во борбата за третата позиција подобра беше Барса, совладувајќи го големиот ривал ПСЖ со сигурни 37-31.