сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Алкалоид го совлада Охрид, прва радост за Бутел

Алкалоид го совлада Охрид, прва радост за Бутел

Ракоемтарите на Алкалоид издвојуваа победа над Охрид од 32-26 во средбата од 4. коло во разигрувањето за пехарот во домашниот шампионат.

Избраниците на Кирил Лазаров покажаа повеќе на средбата во СЦ „Билјанини Извори“, пред се во второто полувреме во кое го надиграа ривалот со 18-12 и со тоа избори заслужен триумф, триумф број два во оваа фаза.

Петров со пет и Ѓоргиев и Џонов со по четири постигнати гола беа најефикасни играчи кај победникот, додека листата на стрелци кај домаќинот ја предводеше Шешиќ со шест голови.

Тимот на Бутел дојде до првата радост во плејофот и тоа против Тиквеш кого го совлада со 28-24. Голманот Блажески блескаше и со 17 интервенции го отвори патот до овој резултат, успех на скопскиот тим.