Ракометарите на Алкалоид по неодамнешниот триумф во Купот на Македонија, вторпат во краток период го совлада Бутел (22-19) во уште еден драматичен дуел против градскиот ривал, овој пат во Суперлигата.
Мартин Серафимов со шест и Марко Митев со пет гола беа најефикасни во таборот на Алкалоид. Многу важна улога, со 12 интервенции, одигра и голманот Благојче Трајковски.
Тиквеш, пак, во борбата за влез во плејофот, а со тоа и за излез во Европа оствари значајна победа против Пелистер 2 (27-24). Петровиќ кај беше најефиксен со осум гола во вториот тим од Битола, додека Кондев постигна седум кај Тиквеш.
Јанкуловски со гол буквално со звукот на сирената ѝ ја донесе првата победа на Струга во Плејаутот на гостувањето кај Вардар Неготино (26-25).
Најдобар стрелец кај Струга беше Бугариновиќ со девет гола, пет запиша Цветаноски, додека по четири постигнаа Костоски и Маркоски. За домашниот тим Адамовиќ заврши со десет погодоци, а Кузманов застана на седум.