Словенечки ракометен тим Крим според информациите на медиумите од оваа земја се пред ангажман на српската ракометарка Андреа Лекиќ.
По десет години, Лекиќ се враќа во оваа екипа каде настапуваше во периодот од од 2007 до 2011 година.. Некогашната вардарка во Крим сега доаѓа од црногорскиот Будуќност.
Лекиќ и Крим се договорија за едногодишна соработка. Во шампионот на Словенија доаѓа и Драгана Цвијиќ , а исто така договорена е и Барбара Аренхарт, бразилската репрезентативна голманка.
Нова ракометарка на Крим од следната сезона ќе биде и Тјаша Станко од француски Мец.